Muhammed Boztepe
12 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во рамки на турската операција Канџа-Тигар во северен Ирак неутрализирани се 2 терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција, наведувајќи дека операцијата Канџа-Тигар одлучно продолжува.
„Во рамки на операцијата Канџа-Тигар, преку воздушни операции неутрализирани се уште двајца терористи на ПКК откриени во подрачјето на Хафтанин во северен Ирак“, се наведува во соопштението.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.