Yasemin Kalyoncuoğlu
13 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
АНКАРА (АА) – Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште еден терорист на терористичката организација ПКК/КЏК со методот на убедување им се предал на турските безбедносни сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, како резултат на напорите за убедување од страна на Генералниот директорат за безбедност и Генералната команда на жандармеријата, еден терорист припадник на терористичката организација ПКК/КЏК им се предал на турските безбедносни сили.
Утврдено е дека терористот ѝ се приклучил на организацијата во 2008 година, а последен пат бил активен во Ирак.
Во 2021 година, бројот на членови на организацијата што се предадоа со методот на убедување се зголеми на 144.