Erdoğan Çağatay Zontur
11 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Тргнувајќи секојдневно од пристаништето „Кабатас“, ноќните крстарења по истанбулскиот легендарен теснец Босфор привлекуваат голем број арапски туристи. Забавувачите со добре дојде ги пречекуваат туристите од Палестина, Бахреин и Кувајт, а пејачите од арапските земји, особено од Сирија, го заземаат местото на сцената, пишува Anadolu Agency (AA).
Бродовите на чие мени се служи арапска кујна и безалкохолни пијалаци, генерално, крстарењето го почнуваат во 21 часот по локално време (19:00 по средноевропско време).
Популарни арапски песни, народни игри и претстави им се презентираат на туристите за време на тричасовната тура.
Шоуто завршува со театарска претстава која го прикажува турско-арапското пријателство, а има и претстави кои го опишуваат конфликтот на Блискиот Исток, страдањата, солзите и желбата на муслиманите да живеат во мир.

„Ние четири години служиме арапски туристи... Минатата година интересот за прошетките со брод значително се зголеми, па затоа очекуваме да имаме подобра сезона годинава“, изјави за АА Мурат Џелен, кој е капетан на брод на Босфор веќе осум години.
Мухамед Рифаи, сириски бегалец во Турција, кој е изведувач на народни игри за време на прошетките со брод, рече дека во Дамаск работел на церемонии и свадби, кои се слични на забавите што се изведуваат на бродовите.
„Фигурите на камила и Дедо Мраз на палубата привлекуваат внимание. Ние ги користиме камилите во Арабија, а ја поставивме фигурата на Дедо Мраз за нашите христијански гости, со цел да покажеме дека нема разлика меѓу муслиманскиот и христијанскиот народ“, рече Рифани.
Мухамед Абдо е сириски бегалец во Турција, кој пее арапски и турски песни и работи како келнер на бродот.
„Не зараборувам многу, но можам да ги задоволам моите потреби“, вели Абдо, заблагодарувајќи му на турскиот народ и Владата за згрижувањето во Турција.
„Турција не само што ѝ помага на Сирија, туку таа им помага и на Палестина, Ирак и на сите други места“, додаде тој.