Emre Başaran
21 Февруари 2023•Ажурирај: 21 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Агенцијата за управување со вонредни состојби на Република Туркије (АФАД) денес соопшти дека по земјотресот на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш и Хатај, имало 7.242 последователни потреси, пренесува Анадолу.
Според податоците на АФАД, 41 последователен земјотрес биле со јачина од 5 до 6 степени, додека 450 земјотреси биле со јачина меѓу 4 и 5 степени според Рихтеровата скала.
Над 42.000 луѓе загинаа, а над 100.000 се повредени во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја потресоа јужна Туркије.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области.
Земјотресите беа почувствувани и во регионот, а во Сирија загинаа илјадници луѓе.
„Повеќе од 250.000 лица за пребарување и спасување моментално работат на теренот“, изјави шефот на АФАД, Јунус Сезер.