Burcu Çalık Göçümlü
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турските безбедносни сили неутрализираа 13 припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека турските командоси во северна Сирија спровеле уште една успешна операција и неутрализирале 13 терористи на ПКК/ЈПГ кои подготвувале напади во подрачјата на операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“.
Од 2016 година Турција реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПК е сириски огранок на ПКК.