Zeynep Rakipoğlu
16 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, закрепна од вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на Твитер соопшти дека денеска излегува од домашна изолација.
„Денеска го завршив процесот на изолација. Му благодарам на медицинскиот тим кој ни служеше и им посакувам сѐ најдобро на сите здравствени работници низ нашата земја“, порача Ердоган и им посака брзо оздравување на сите болни луѓе.
Турскиот претседател Ердоган и неговата сопруга беа позитивни на тестовите за коронавирус на почетокот на месецот. Претседателот Ердоган закрепна и од изолација излезе минатата недела. Ердоган и неговата сопруга немаа потешки симптоми на болеста.