Haydar Toprakçı
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
ИЗМИР (АА) ‒ Тимовите на турската крајбрежна стража спасија 52 нерегуларни мигранти во близина на брегот на Измир, откако се истуркани назад од грчката крајбрежна стража , јавува Агенција Анадолија (АА).
Командата на крајбрежната стража соопшти дека по информацијата за група нерегуларни мигранти во спасувачки сплавови во близина на областите Дикили, Сеферихисар, Фоча, Чешме, испратила тимови во подрачјето.
Мигрантите, кои биле во пет спасувачки сплавови, биле донесени на брегот, а потоа префрлени до обласната канцеларија за миграции.
Турција и групите за човекови права континуирано ги критикуваат грчките нелегални практики на истуркување на мигрантите назад кон турските територијални води, нагласувајќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право, и ги загрозува животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и деца и жени.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција е веќе домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.