Mehmet Alaca
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
АНКАРА
Во Анкара денес започна 15. Програма на обуката за воено новинарство, која ја организираат Anadolu Agency (AA), Полициската академија во Анкара и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата се реализира во рамките на Програмата за обука на новинари (MEP) на ТИКА, а станува збор за прва обука која се одржува на арапски јазик.
Координаторот на проектот на ТИКА од областа на образованието, Мустафа Полат, на свеченото отворање на програмата во Полициската академија во Анкара ја истакна важноста на обуката за новинарите кои известуваат од воените зони и од подрачјата погодени од кризи и природни катастрофи.
„Оние кои одат на обука ќе учат за тоа како да се заштитат во кризните зони. Новинарската работа е исклучително важна. Вестите, фотографиите и снимките, кои репортерите ќе ги објават, можат да предизвикаат, а и да стават крај на судир и војна“, изјави Полат.
Директорот на Академијата на АА за новинарство, Џихангир Ишбилир, изјави дека обуката ќе ја посетуваат 21 новинар од 11 држави. Тој инфирмираше дека низ претходните 14 циклуси обуката ја поминале 350 новинари од 32 земји.
Ишбилир нагласи дека безбедноста на новинарите е основна цел на обуката, дека целта на програмата е промоција на новинарство кое упатува на мир и совесно однесување на новинарите и сите поединци.
„Повеќе од 60 отсто од судирите во светот се водат во нашите региони. Не е повеќе само важно како да се пишува вест, туку наспроти себе да ја имате и глобална јавност која се интересира за детектирање на вистинската вест“, изјави Ишбилир.
Ишбилир појасни дека оние кои одат на обуката во наредните 12 дена ќе имаат практична и теоретска настава, а дека предавачите ќе бидат експерти од полицијата, војската и спасувачките екипи.
Официјалниот претставник на Полициската академија, Леман Кајалар, истакна дека новинарите ќе бидат запознаени со основните принципи на безбедност и самозаштита.
По успешно завршената обука се добива меѓународно признат сертификат.