Ahmet Salih Alacacı
18 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
КИРКЛАРЕЛИ/ВАН (АА) - Безбедносните сили денес низ Турција задржаа вкупно 283 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во северозападната турска област Киркларели, жандармериските сили фатија 84 мигранти од Иран, Пакистан, Ирак и Авганистан, кои се обидувале илегално да преминат во Бугарија.
„Едно лице е уапсено поради обвинение за криумчарење на луѓе“, велат безбедносни извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Жандармериските сили во источната област Ван на три контролни пункта фатија уште 199 мигранти, вклучувајќи и деца.
Мигрантите се со потекло од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.
Турција претставува главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна Граѓанската војна во Сирија.