Nilay Kar
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 22 лица се уапсени во Турција поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, вели полициски извор денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се извршени откако обвинителите во Анкара, како дел од истрагата за финансиската структура на терористичката група, издадоа налози за апсење на 52 осомничени лица во осум области, вклучувајќи го и главниот град Анкара.
Меѓу осомничените се наоѓаат и некои бизнисмени, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Потрагата по другите осомничени лица е во тек, додава изворот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.