Muhammed Boztepe
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца пилоти загинаа при пад на воен авион за обука на подрачјето на Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Остатоците од авионот се пронајдени три километри северно од командата на воздухопловната база од која полетал авионот. Од Генералштабот на Турција е потврдено дека авионот за обука од типот SF-260D полетал во 10:26 часот по локално време.
Наведоа дека кратко по полетувањето е прекината радарската врска со воениот авион. Пронајдени се остатоци како и тела на двајца пилоти.
Од Генералштабот соопштија дека е покрената истрага за овој настан и упатија сочуство на семејството за загинатите.