Kemal Karadağ
01 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК се неутрализирани на подрачјето на југоисточната турска покраина Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според турскиот Генералштаб, беспилотното летало ги лоцираше терористите на планината Даглиџа Избе и на подрачјето на Јуксекова, по што ги неутрализира.
Со оваа бројка во Хакќари досега се неутрализирани 334 припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК, којашто е вбројана на листата терористички организации од страна на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).