Halis Akyıldız
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Ослободените шестмина турски морнари кои беа држени од страна на силите на Хафтар во Либија, се вратија во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Морнарите Онур Чакир, Мехмет Јилмаз Одабаши, Ејуп Ерјилмаз, Неџметин Демирхан, Ерен Чакир и Бирол Кутлу, од Триполи, главниот град на Либија, со авион допатуваа во Истанбул.
Морнарите на истанбулскиот аеродром ги пречекаа нивните семејства и амбасадорот Мурат Тамер, претставник на Министерството за надворешни работи во Истанбул.
Онур Чакир, во изјавата за медиумите на аеродромот, рече: „Интернетот ми беше ограничен, колку што беше можно контактирав со моето семејство. Постојано кажував дека сум добар. И бевме добри. Ни се случија многу настани, но се обидов да не ги рефлектирам тие настани.“
Чакир, истакнувајќи дека имал поддршка од неговите браќа и пријателите, рече: „Нѐ подржаа Република Турција, нашата држава, нашиот претседател. Со помошта на Ќубра Акташ стигнавме тука здрави и живи.“
Мајката на Онур, Хурије Чакир, нагласи дека е многу среќна што повторно е заедно со нејзиниот син.
Морнарот Ејуп Ерјилмаз истакна дека по една недела чекање, во понеделникот биле префрлени во Триполи, од каде што стигнале во Истанбул.
„Господ да ги благослови нашиот претседател, министерот за надворешни работи и амбасадор во Либија. Се интересираа, ни помогнаа. И г-от Самир, нашиот газда во Либија, многу се ангажираше за нас. Господ да ги благослови сите. Нема како нашата татковина“, рече морнарот Ерјилмаз.
Шестмината морнари, турски државјани држени од страна на силите на Хафтар во Либија, беа ослободени на 1 јули.