Firdevs Bulut
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа двајца терористи во источната област Агри, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите беа неутрализирани за време на операциите на командските единици извршени во руралните области на подрачјето на Агри, Догубајазит како дел од домашните безбедносни операции, соопшти Министерството на Твитер.
Во операцијата беа запленети два ракетни лансери и муниција.
Иако во изјавата не се споменува специфична терористичка група, турските сили спроведуваат операции против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, како дел од прекуграничните и домашните антитерористички операции.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија.