Fahri Aksüt
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гласаше во Анкара за најдобрите фотографии на фоторепортерите на Агенцијата Анадолија (АА) за 2019 година.
Ердоган избра по една фотографија во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“.
Во категоријата „Вести“ гласаше за фотографијата на Мухамед Саид насловена „Децата, цел на напад во Сирија“.
Гласот во категоријата „Живот“ доби фотографијата на Хасан Намли „Висорамнина на спокојството“.
Турскиот претседател во категоријата „Спорт“ гласаше за фотографијата „Воен поздрав на турските играчи“ од авторот Мустафа Јалчин.
Изборот за најдобра фотографија во рамките на Агенцијата Анадолија првпат се одржа во 2012 година, а и годинава се бираат фотографии во три категории. Најдобрите фотографии во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“ се меѓу 50-те кои се влезени во потесен избор од над 750.000 фотографии.
Во категоријата „Вести“ во најтесниот избор учествуваат 17 фотографии, во категоријата „Живот“ 19 и во категоријата „Спорт“ 14 фотографии.
Станува збор за фотографии кои репортерите на АА ги имаат фотографирано во Турција, на Антарктикот, во Сирија, Палестина, Нов Зеланд, Индонезија, Франција, Брегот на Слоновата Коска и други места низ светот.
Фотографиите што се наоѓаат во најтесна конкуренција за најдобра фотографија отворени се за гласање од 1 декември на „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“. Фотографиите се отворени за гласање со превод на турски и на англиски јазик до 31 декември.