Enes Kaplan
03 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го посети Напредниот оперативен центар на Копнените сили на турската Војска во Шанлиурфа, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за центар од кој се раководи антитерористичката операција „Извор на мирот“ на североистокот на Сирија.
Ердоган по доаѓањето во базата во Шанлиурфа ги поздрави војниците, а потоа беше информиран за актуелните случувања во врска со операцијата.
Во делегацијата која го посети Центарот во Шанлиурфа беа и турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за одбрана, Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на турската Војска, Јашар Ѓулер, шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, и други воени и политички функционери на Турција.