Ferdi Türkten
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави: „Нашиот народ којшто беше мета на предавниците на ФЕТО и којшто и излезе во пресрет на слобота, демократијата, владата и државата претствува најголемата гаранција за постигнување на нашите цели во 2023 година по повод 100 годишнината на Републиката, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 29 октомври - Денот на Републиката, објавена е пораката на претседателот Ердоган која ќе биде прочитана во 81 области низ Турција и дипломатските претставништва.
Во пораката која што започнува со „Денеска е 93. годишнина на нашата последна држава Република Турција прогласена под водството на Гази Мустафа Кемал“ Ердоган истакна дека турскиот народ ја започнал Ослободителната војна против ропството и наметнување на окупаторите којшто ја загрозуват иднината и независноста на Турција и ја крунисале со херојска победа која претходно не била забележана во историјата.
Ердоган потсети дека по оваа победа, на 29 октомври 1923 година била основано Република Турција под начелото „Суверенитетот безусловно му припаѓа на народот“ при што главната цел била издигнување на земјата на ниво на современа земја.
„На 15 јули се потврди колку народот е интегриран со државата“
Претседателот Ердоган продолжи со зборовите: „Ние Републиката ја гледаме како придобивка којашто во тој период многу тешко можела да се добие. Ние ја гледаме Републиката како една придобивка на една традиција долга 2.200 година и како наследник на илјада годишното наследстово од Селчуците и Отоманската империја. Република Турција надминувајќи ги сите потешкотии во овие 93 година, продолжува по својот пат и само благодарение на чекорите кои ги прави во последниот период, успеа за биде држава меѓу големите сили во светот. Со зголемениот економски развој, со силната демократија, со почитувањето на основните хуманитрани вредности, со принципиелноста и визионерската надворешна политика, Туријца продолжува да биде извор на инспирација за регионот и светот.“
Истакнувајќи дека случувањата вечерта на 15 јули 2016 година уште еднаш несомнено ја потврдија интеграцијата на граѓаните со државата, Ердоган во пораката вели: „Нашиот народ против новите окупаторски обиди ќе одговори како што одговори и во Ослобонителната војна. Таа ноќ на целиот свет им го покажа ова. Нашиот народ којшто беше мета на предавниците на ФЕТО и којшто ѝ излезе во пресрет на слободата, демократијата, владата и државата, претствува најголемата гаранција за постигнување на нашите цели во 2023 година по повод 100 годишнината на Републиката. Чест ми е што сум претседател на оваа голема држава и на овој херојски народ.“
„Во споредба со утрото на 15 јули Турција е по силна“
Ердоган истакна дека тој верува дека сите граѓани каде и да се наоѓаат и сите пријатели на Турција се гордеат со херојскиот еп кој турскиот народ го напиша на 15 јули. Тој истакна дека отфрлувајќи и еден државен удар, еден терористички напад и обид за окупација на турскиот народот, Републиката успела да пристигне до својата 93. годишнина.
Претседателот Ердоган на крајот од својата порака вели:
„Нека бидат сигурни сите граѓани и пријатели дека во споредба со утрото на 15 јули денеска Турција е посилна, поспособна и поодлучна земја. Нема да успее никаков напад којшто е против нашето единство, заедништво, братсто, нашата државност, независност и иднина. И терористичките организации и тие којшто ги искористуваат, нема да нѐ попречат да стигнеме до нашите цели.
Со овие чуства и мисли, на сите граѓани во Турција и надвор од неа, од срце им го честитам Денот на Републиката. Им се заблогодарувам на сите, започнувајќи од основачот на нашата Република Гази Мустафа Кемал и сите наши херои којшто се жртвуваа и се бореа за оваа земја и татковина. Господ нека им прости на сите загинати херои кои ги дадоа своите животи за оваа кауза. Од срце му се заблогодарувам на нашиот народ-херој којшто ѝ излезе во пресрет на довербата на нашите предци и на сите пријатели којшто нѐ подржуваа со нивните молитви. Нека е честит празникот Ден на Републиката 29 октомври.“