Hayati Akçay
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ОРДУ (AA) - За тоа дека фудбалот е многу повеќе од самата игра и од самиот спорт, но и дека не е се во парите, покажува примерот на турскиот третолигаш Ордуспор, од градот Орду на црноморскиот брег.
Тешката економска ситуација во последните неколку години не го напуштала овој клуб, па за пет години паднал за три лиги. Управата на клубот, за да привлече што повеќе навивачи, донесе необична одлука и овозможи, освен со пари, картата за натпреварите да може да се плати со лешници, пишува Anadolu Agency (AA).
Ордуспор од 2012 и 2013 година настапувал во Супер лигата на Турција, поттоа две сезони поминал во една лига од понизок ранг, Првата лига, наредната година паднал во Втора лига, а денес настапува во 3. Лига на Турција.
Претседателот на овој фудбалски клуб Јасар Памук во разговор за АА рече дека фудбалскиот клуб Ордуспор истовремено и невладината организација која се обидува на најдобар начин да го претстави својот град.
„Сакаме да го препородиме нашиот клуб за да повторно стаса до Супер лигата. Нашите навивачи се трудат да го поддржат клубот, но ние размислувавме за планови за привлекување на поголем број на навивачите на трибините. Така и го покренавме проектот 'плаќање на билет со лешници'. До крајот на сезоната нашите навивачи, освен со пари, картата ќе може да си ја платат со лешници", рече Памук.
Регионот на Црното море е познат по одгледување лешници и тој обезбедува 80 отсто од турскиот пазар на лешници. Лешникот во овој регион е познат како зелено злато".
„Со оваа кампања сакаме да свртиме внимание и на самиот лешик, но и на Ордуспор, Моментално килограм на лешник на пазарот се движи околу 10 турски лири, нашите карти исто така се продаваат по таа цена. Еден килограм лешници е доволен да влезете на стадионот. Кампањата започна, така да навивачите веќе почнаа да купуваат карти со лешници за утрешниот натпревар против Султанбејли Беледијеспор", рече Памук.
Додаде дека е во текот разгледување на можноста со поголема количина на лешници да се купи карта за подолг период.