Sefa Mutlu,Berk Özkan,Kaan Bozdoğan
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Големата џамија „Аја Софија“, која по 86 години се отвори за извршување намаз, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во околу 12:00 часот по локално време пристигна на плоштадот пред „Аја Софија“, каде што беше пречекан со аплаузи од страна на граѓаните.
Турскиот претседател беше прудружуван од страна на шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун.
За извршување на петочната молитва, Ердоган влезе во Големата џамија „Аја Софија“ каде што беше пречекан од страна на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.