Burak Bir
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Претстојните реформи, кои имаат за цел зајакнување на довербата во турскиот судски систем, ќе играат важна улога на патот на Турција кон посветла иднина, рeче турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Реформите спроведени со цел да направат нашиот правосуден систем да работи перфектно, со целосна манифестација на правото, зајакнување на довербата во судството, имаат значајно место во нашите напори да ја носиме нашата земја кон посветла иднина“, истакна Ердоган пред утрешното започнување на новата судска година во Турција.
Оваа година Турција треба да го спроведе Документот за стратегиска реформа на судството, план соопштен на 30 мај за подобрување на работата на судството во земјата.
Споменувајќи го неуспешниот обид за пуч во 2016 година од страна на терористичката организација ФЕТО, Ердоган рече дека оттогаш турското правосудство поминало голем тест, докажувајќи дека ја претставува моќта на нацијата во борбата против предавниците.
Турскиот претседател додаде дека борбата против ФЕТО докажува колку мора да е внимателна и храбра Турција во однос на групите што се обидуваат да го освојат судството.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирањето во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
- „Најдобра гаранција“ -
„Функционирањето на целосно независно и непристрасно правосудство, кое има за цел единство, сила и опстанок на нашата нација и нè прави горди со своите праведни одлуки, има голема важност“, додаде Ердоган.
Тој нагласи дека сигурен правосуден систем е најдобрата гаранција за општествениот мир во земјата и братството.
„Чекорите што ги презедовме кон унапредување на инфраструктурата во правосудството и законодавството имаат за цел да им овозможат на вработените во правосудството да ја работат својата работа полесно во согласност со принципот на правна држава“, рече Ердоган.
Турскиот претседател, во однос на подготовките на Турција за своите цели за стогодишнината, до 2023 година и потоа, додаде дека Турција заедно со сите свои институции ја продолжува работата за унапредување на демократските стандарди, на човековите права и слободи.