Ferdi Türkten
24 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
АНКАРА
Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Труција, Ибрахим Калин, се состана со американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, пренесува Anadolu Agency (АА).
За време на состанокот помеѓу делегациите, предводени од Калин и Џефри, во Претседателскиот комплекс, разгледани се прашањата за неодамнешните настани во Сирија, воспоставувањето безбедносна зона на исток од Еуфрат и борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ги ДЕАШ и ПКК/ЈПГ/ПЈД.

На состанокот на којшто се истакнати приоритетите на националната безбедност на Турција, разговарано е и за прашањата за борбата против тероризмот во Сирија, за Мунбич, уставната комисија и за политичко решение на кризата во Сирија во рамките на нејзиниот територијален интегритет.
Исто така, на состанокот истакнато е дека безбедносна зона може да биде формирана само со план кој ќе ги задоволи очекувањата на Турција и дека соработката за Сирија треба да продолжи во согласност со принципите на доверба и транспарентност.