Mustafa Hatipoğlu
28 Мај 2023•Ажурирај: 28 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, придружуван од сопругата Емине Ердоган, гласаше во вториот круг од претседателските избори во таа земја на избирачко место во Истанбул, јавува Анадолу.
Актуелниот претседател Ердоган, кандидат на Народна алијанса предводена од Партијата за правда и развој (АК Партија), гласаше на избирачко место во училиште во областа Ускудар во Истанбул.

Избирачките места низ Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето од вториот круг на претседателските избори во оваа земја.
Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса.
Во првиот круг од изборите, одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите. Народна алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), освои мнозинство во државниот Парламент во првиот круг.