Muhammet Emin Horuz
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
АНКАРА
Заводот за статистика на Турција (Туркстат) соопшти дека во 2019 година над 677.000 лица емигрирале во Турција, забележувајќи раст од 17,2 отсто во споредба со претходната година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот Завод за статистика ги објави статистиките за меѓународната миграција во 2019 година.
Според тоа, во 2019 година е забележан раст од 17,2 отсто во споредба со претходната година во бројката на емигрантите во Турција, односно вупно 677.042 лица емигрирале во земјата во 2019 година, од кои 54,4 отсто се мажи и 45,6 се жени.
Од вкупните емигранти, 98.554 лица се државјани на Турција, додека 578.488 се странски државјани.
Бројот на лицата кои мигрирале од Турција во 2019 година изнесува 330.289 лица, забележувајќи раст од 2 отсто во споредба со 2018 година.
Од вкупните имигранти 84.863 лица се државјани на Турција, додека 245.426 се странски државјани.
Од друга страна, 13,3 отсто од лицата кои минатата година емигрирале во Турција се од возрасната група 25 - 29 години, 12,2 отсто од нив се од возрасната група 20 - 24 години, додека 11,6 од нив се од возрасната група 30 - 34 години.
Од лицата кои минатата година мигрирале од Турција, 15,3 отсто се од возрасната група 25 - 29 години, 13 отсто од нив се од возрасната група 30 - 34 години, додека 12,6 од нив се од возрасната група 20 - 24 години.
Меѓу другото, 14,5 отсто од лицата кои минатата година емигрирале во Турција се државјани на Иран, 13,8 отсто од нив се државјани на Туркменистан, 8,2 отсто се државјани на Авганистан, 7,5 отсто се државјани на Сирија и 7,3 отсто од нив се државјани на Иран.
Од лицата кои минатата година мигрирале од Турција, 23,9 отсто се државјани на Ирак, 7,3 отсто се државјани на Иран, 6,8 отсто се државјани на Авганистан, 6 отсто се државјани на Азербејџан и 5,7 отсто од нив се државјани на Туркменистан.