Sena Güler
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар денес изјави дека Ајасофија ѝ припаѓа припаѓа на турскиот народ и ниту една земја нема право да каже ништо во врска со тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ајасофија ѝ припаѓа на Република Турција и нејзиниот народ. Така да оние што можат да зборуваат за тоа се Република Турција и турскиот народ“, изјави Акар на церемонијата на одбележување на 15 јули, Денот на демократијата и национално единство, одржана во Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул.
Комеморацијата е одржана со цел оддавање почест на оние кои го загубија својот живот во неуспешниот обид за државен удар организиран од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година. Во неуспешниот обид за државен удар загинаа 251 лица а беа повредени речиси 2.200 лица.
Минатата недела, највисокиот турски суд го поништи декретот на Кабинетот од 1934 година, со кој истанбулската џамија Ајасофија беше претворена во музеј.
Ајасофија која беше црква за време на Византиското царство, по освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Мехмед II во 1453 година таа е претворена во џамија.
- Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан
„Ерменија, која неправедно и незаконски го окупираше Нагорно-Карабах, неодамна изврши напад врз регионот Товуз во Азербејџан, надминувајќи ги своите граници“, рече Акар, потсетувајќи се на инцидентот минатата недела во кој единаесетмина азербејџански војници ги загубија своите животи.
Нагласувајќи дека Азербејџан и е драг на Турција, Акар рече дека турскиот народ ја споделува тагата со нив.
„Строго го осудуваме ваквиот ужасен напад“, изјави Акар.
„Ние секогаш ќе ги поддржуваме нашите браќа Азербејџанци“, додаде тој.
- Борба против ФЕТО
Акар изјави дека турскиот народ, под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, на идните генерации во наследство им ја оставил демократијата, победувајќи го грозоморниот обид за пуч, кој го нарече најголемо предавство.
Тој изјави дека вкупно 20.070 членови на ФЕТО, кои биле инфилтрирани во турските вооружени сили, се отпуштени од нивните должности од 2016 година досега.
Тој додаде дека со посветеност продолжува борбата против терористичката организација со нови информации, документи и податоци.
„Одлучни сме да ја отстраниме терористичката закана“, нагласи Акар.