Özcan Yıldırım
28 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Во рамки на операциите извршени против терористичката организација ПКК/КЏК во 42 области на Турција, приведени се 641 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека во координација со главни обвинителства, вчера и денес биле извршени планирани операции во 42 турски области против припадниците на терористичката организација ПКК/КЏК и нејзините поддржувачи.
Во ова соопштение се истакнува дека како резултат на извршените операции се приведени 641 лице.
Исто така, во рамки на операциите запленети се голем број оружја, пушки, и муниција, како и дигитални материјали и документи на организацијата.