Coşkun Ergül
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Парламентот на Република Турција го прифати предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Партија на национално движење (МХП) го поддржаа предлогот, додека против него беа опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) и Демократската народна партија (ХДП).
Одлуката за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште три месеци треба да стапи во сила на 19. октомври.
Инаку, вонредната состојба во Турција воведена е на 21. јули 2016. година, по обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО на 15. јули минатата година.