Erdal Çelikel,Dilara Zengin
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Од 2012 до 2016 година, во период од 5 години, Турција вработи 2 милиони и 384 илјади лица, со што стана земја којашто овозможила најголем број вработувања во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците до коишто дојде АА од Институтот за вработувања во Турција и од Евростат, во 2012 година, во Турција биле вработени 24 милиони и 821 илјада лица, бројка којашто е во постојан раст.
Бројот на вработувањата во Во Турција за 2016 година изнесува 27 милиони и 205 илјади лица. Според овој податок, во изминатите 5 години во Турција се вработени 2 милиони и 384 илјади лица, што е број поголем од вработувањата во 24 земји-членки на ЕУ, освен во Германија, В. Британија, Полска и Шпанија. По Турција, следува Британија со 2 милиони и 31 илјада вработувања.
Романија, Грција, Финска и Грчката администрација на Јужен Кипар се земји кај коишто е забележано намалување на вработувањата.
Вработувањата не се намалија ниту во јули
Претседателот Реџеп Таип Ердоган на почетокот од оваа година упати повик за „мобилизација во вработувањата“, по што тие добија на интензитет. Бројот на вработените, заклучно со крајот на јули оваа година, изнесува 1 милион и 122 илјади лица, со што вкупниот број на вработените во Турција изнесува 28 милиони и 758 илјади лица. Доколку овој број се додаде на постоечката статистика, Турција од 2012 година досега има остварено 3 милиони и 937 илјади вработувања.
Листата на создадени дополнителни вработувања во земјите-членки на ЕУ и во Турција, во периодот 2012-2016 изгледа вака (во илјади):
| 2012 | 2016 | Промени во вработувањата за 5 години | Стапка на промена (отсто) |
| ЕУ (28 земји) | 225.123 | 232.136 | 7.012 | 3,1 |
| Еврозона (19 земји) | 149.863 | 153.393 | 3.530 | 2,4 |
| Турција | 24.821 | 27.205 | 2.384 | 9,6 |
| В. Британија | 29.695 | 31.725 | 2.031 | 6,8 |
| Германија | 42.061 | 43.638 | 1.577 | 3,7 |
| Шпанија | 18.343 | 18.987 | 645 | 3,5 |
| Полска | 15.475 | 16.061 | 586 | 3,8 |
| Унгарија | 3.976 | 4.429 | 454 | 11,4 |
| Франција | 27.185 | 27.612 | 427 | 1,6 |
| Шведска | 4.627 | 4.890 | 262 | 5,7 |
| Ирска | 1.862 | 2.045 | 184 | 9,9 |
| Чешка | 5.065 | 5.249 | 184 | 3,6 |
| Австрија | 4.205 | 4.337 | 132 | 3,1 |
| Словачка | 2.209 | 2.321 | 112 | 5,1 |
| Данска | 2.767 | 2.877 | 110 | 4,0 |
| Белгија | 4.555 | 4.660 | 105 | 2,3 |
| Литванија | 1.275 | 1.361 | 86 | 6,8 |
| Португалија | 4.581 | 4.651 | 69 | 1,5 |
| Холандија | 8.836 | 8.901 | 65 | 0,7 |
| Италија | 24.765 | 24.809 | 45 | 0,2 |
| Луксембург | 379 | 418 | 39 | 10,4 |
| Естонија | 594 | 625 | 31 | 5,3 |
| Малта | 173 | 203 | 30 | 17,5 |
| Бугарија | 3.436 | 3.463 | 27 | 0,8 |
| Хрватска | 1.576 | 1.599 | 24 | 1,5 |
| Словенија | 937 | 960 | 23 | 2,4 |
| Летонија | 869 | 886 | 18 | 2,0 |
Грчка админ. Јужен Кипар | 393 | 380 | -13 | -3,3 |
| Финска | 2.538 | 2.517 | -21 | -0,8 |
| Грција | 4.105 | 4.072 | -34 | -0,8 |
| Романија | 8.645 | 8.449 | -196 | -2,3
|