Ali Ballı
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
МУГЛА (АА) - Пензионираниот анестезиолог Ајлин Јилдиз Шварц живее со 50 кучиња во вила во Бодрум, познатата турска туристичка дестинација, јавува Anadolu Agency (AA).
Шварц (59) пред 17 години од Германија дојде во Турција и тука си го оствари долгогодишниот сон, да живее во голема куќа со животни. Тој сон ѝ се оствари откако замина во пензија.
Таа купи луксузна вила со градина, која се наоѓа на брегот, во населбата Ѓуверлинџик, а секој дел од куќата е уреден на така што на животните ќе им биде пријатен за престој.
Сите простории во двокатната вила и објектот во градината се дизајнирани за кучињата, кои уживаат во играта.
Нејзиното прво куче било ротвајлер, а со текот на времето почнала да вдомува животни оставени на улица. Исто така, на лекарката ѝ помагаат четворица вработени во грижата за кучињата.
За AА таа вели дека нејзината најголема желба во животот конечно се остварила.
„Го остварив својот сон. Мојата куќа целосно, внатрешно и надворешно, како и дополнителните простории им припаѓаат на моите животни. Среќна сум што можам да живеам со нив и ги сакам“, вели Шварц.
Покрај тоа, таа нуди бесплатно сместување за кучиња чии сопственици се болни или одат на одмор.
Шварц обезбеди дом за 12 златни ретривери, чиј сопственик Шенол Озбакан се разболе и беше сместен на интензивна нега во Ајдин.
Тој истакна дека за „гостите“ има подготвено посебен простор каде што ќе останат сѐ додека нивниот сопственик не се опорави.
Исто така, таа и на неколку други локации храни бездомни животни и им овозможува ветеринарна грижа.