Ali Ballı
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
МУГЛА (АА) - Во градот Бодрум турската покраина Мугла, на отворено море потона гумен чамец кој превезувал 31 странски државјанин. Во несреќата животот го загубиле 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во близина на островот Карада, кое се наоѓа близу брегот на Бодрум, на отворено море потона гумен чамец и по испратената порака за помош, на местото на несреќата пристигнале екипите од крајбрежната стража.
Според првичните информации, на гумениот чамец се наоѓале 31 лице, од кои 4 ги загубиле животите, додека 4 се спасени од страна на екипите на крајбрежната стража. Ниту кај удавените, ниту пак кај спасените лица не се пронајдени елеци за спасување. Се трага по 23 исчезнати лица.
Во акцијата учествуваат една корвета, 2 брода, 3 спасувачки чамци и еден хеликоптер.
Во подрачјето е испратен и еден авион, а во потрагата по исчезнатите своја поддршка дава и брод на поморските сили.
Продолжува потрагата во подрачјето по исчезнатите 23 лица.