Recep Bilek
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ТОКАТ (АА) - Косовските Албанци кои уште во 1912 година, се преселиле во Турција продолжуваат да ја негуваат традицијата на правењето пита наречена „флија", традиционално албанско јадење кое се прави многу одмна, пишува Anadolu Agency (AA).
Питата флија се прави од тенко тесто, крем и зачини, а вековната традиција и денеска ја чуваат Албанците во Токат, област во северниот дел на Турција.
Поради тешката подготовка не ја прават често, воглавно кога станува збор за гости. Питата под сач се пече околу три часа. Се состои од осум слоеви тесто. Се подготвува така што со дрвена лажица се замесуваат брашно и сол.Тестото се разделува на помали парчиња кои потоа се развлекуваат.
Секој дел од тестото, кој се реди еден врз друг, е обложен со путер. Важно е да се истакне дека и поради тоа, подготовката на оваа пита е толку комплицирано, бидејќи секој слој тесто се пече одделно, едно по друго.
Претседателот на локалното Здружение за култура и помош, Назим Ајдин, рече дека во селото Kапиагзи во Токат живеат главно живеат жители од Балканот и Источна Анадолија.
Според него, Албанците во оваа село дошле во 1912 година откога траат добрососедските и фамилијарните односи. Во 1912 година ова село го сочинуваа 75 домаќинства, а денес таа бројка изнесува 150.
„Флија не се приготвува секогаш. Станува збор за јадење кое се сервира на гостите", објаснува Ајдин, посочувајќи дека ова е можеби единствен дел од културата на Албанците од пред 100 години, кое сеуште се негува и одржува.
Назмие Оздек, 63-годишна граѓанка, вели дека флијата е највкусната пита на Албанците. Според неа, подготовката е многу тешка.
„Многу ја сакаме флијата, ова е една од омилените пити на Албанците", додаде Оздек.