Adem Demir,Hikmet Faruk Başer
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - По седум години од возобновувањето, на 7. јануари официјално ќе биде отворена бугарската православна црква „Свети Стефан“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Црквата се наоѓа на брегот на Златниот Рог, во населбата Балат, а се истакнува со тоа што целосно е изградена од ковано железо.

На отворањето на црквата ќе присуствуваат претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
На местото на црквата изработена од дрво која изгорела во пожар, била изградена црква од железо којашто официјално била пуштена во употреба во 1898 година. Реставрацијата на црквата во времетраење од седум години е изведена од страна на градот Истанбул. Сè е реставрирано, од подот па сè до кровот.
Заменети се лизгавите подови, ѕидните конструкции се зацврстени, а ѕидовите на црквата беа механички исчистени со отстранување на корозијата. Реновиран е, исто така, и црковниот двор.

Од 3,5 милиони евра (16 милиони турски лири), колку што е вложено во спасувањето на црквата од распаѓање, повеќе од 2,8 милиони евра (13 милиони лири) издвои градот Истанбул.
Црквата девет години беше затворена за верски церемонии. Претседателот на Фондацијата на Бугарската православна црква, Васил Лијазе, изрази задоволство поради повторното отворање на црквата.
Лијазе потврди дека покрај Борисов, на отворањето ќе присуствуваат и голем број Бугари.