İzzet Mazi
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
КИЛИС (АА) - Ракета фрлена од Сирија падна во центарот на градот Килис, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, ракетата фрлена од Сирија паднала на патот Теќе, во населбата Џанполат Паша, во близина на Пазарот Сабах којшто се наоѓа во центарот на градот.
Се дознава дека во инцидентот има повредени, а во зоната се испратени амбулантни возила и полициски тимови, како и екипа на Одделот за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Полициските тимови го опколија местото на настанот со безбедносен кордон, а граѓаните беа евакуирани од зоната.
- Гувернерот Чатакли: „Имаме 6 повредени, еден возрасен“ -
Гувернерот на Кајсери, Исмаил Чатакли, најави дека ракетата што падна во центарот на градот повредила 6 лица, меѓу кои и еден возрасен.
Во изјавата за новинарот на АА, гувернерот Чатакли рече дека се преземени мерки на местото на кое падна ракетата од Сирија.
„Имаме 6 повредени лица, еден возрасен. Здравствената состојба на 5 лица е добра“, истакна Чатакли.