Ömer Tuğrul Çam
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција и Италија ќе продолжат заедно да работат на изнаоѓање траен мир и политички процес кој ќе вроди со резултат во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу и Луиџи ди Мајо, министерот за надворешни работи на Италија, по средбата во Министерството за надворешни работи на Турција организираа заедничка прес-конференција.
Министерот Чавушоглу рече дека со Ди Мајо разговарале за неговата посета на Либија остварена претходниот ден, истакнувајќи:
„Заедно со Италија ќе продолжиме да работиме на изнаоѓање траен мир и политички процес кој ќе вроди со резултат во Либија. Свесни сме дека Италија игра критичка улога. Ѝ се заблагодаруваме. Одигра урамнотежена улога. Не застана покрај пучистот Хафтар како некои земји од ЕУ, туку вложи искрени напори за прекин на огнот и политички процес.“
Чавушоглу рече дека посакува по ова и Италија да ја види во двојни, тројни или други платформи во однос на прашањето за Либија, додавајќи дека тоа им е кажано и на Русија и на другите земји.
Италијанскиот министер Ди Мајо истакна:
„Посакуваме одржлив прекин на огнот во Либија.“