Ekrem Payan
19 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ШИРНАК
Во акција на припадниците на безбедносните сили и разузнавачката служба во Ширнак на југоисточниот дел на Турција е уапсен Сабри Дал, припадник на терористичката огранизација ПКК, по кого беше распишана потерница на Интерпол, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на гувернерот на Ширнак се наведува дека Дал, кој се наоѓа на црвената потерница на Интерпол, а кој планирал бегство во странство, бил уапсен синоќа во 23:35 часот по локално време во подрачјето Силопи.
Терористот се товари дека е еден од одговорните за убиство на припадникот на безбедносните сили, Мехмет Саит Џошкун во Џизре, 2013 година, како и на поранешниот началник на подрачјето Суруч во областа Шанлиурфа, Салих Текиналп и неговиот син Саит Текиналп.
Дал се товари и за нарушување на државната целост, убиство на државен службеник на должност и членство во оружена терористичка организација.
Во соопштението е порачано и дека одлучните борби против тероризмот ќе бидат продолжени.