Orhan Onur Gemici
20 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во текот на набљудувањето на подрачјето на Тел Абјад, источно од реката Еуфрат во Сирија, од истрелите од противтенковска ракета и од лесно оружје, животот го загубил еден војник, а еден е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека на нападот соодветно е одговорено, при што се истакнува:
„И покрај постигнатиот договор за безбедносната зона со Соединетите Американски Држави (САД) на 17 октомври, терористите на ПКК/ЈПГ извршија 20 прекршувања на договорот. И покрај сите овие активности што се во спротивност со договорот, конвој од 39 возила составен претежно од амбулантни возила со обезбедување влегоа и излегоа од Рас ел Ајн, при што повредените и други лица ги евакуираа од подрачјето.“
Турските вооружени сили (ТСК) синоќа соопштија дека внимателно ја следат ситуацијатаа во северниот дел на Сирија по постигнатиот договор со САД за повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето каде што Турција сака да воспостави безбедносна зона.
Во соопштението се вели дека нема постои апсолутно никаква пречка за повлекување на терористите и дека информациите за проодноста на патиштата во тој регион се доставени до американските воени претставници.