Ahmet Kaplan,Ömer Yasin Ergin
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во населбата Диџле во турскиот град Дијарбакир кој се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, терористите на ПКК изведоа терористички напад со автомобил-бомба. Од експлозијата, според првичните информации повредени се осум лица, од кои двајца се полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во моментот додека полициското возило ја преминувало улицата Ергани во населбата Диџле, терористите го активирале експлозивот поставен во автомобил.
Се дознава дека од експлозијата повредени се двајца полицајци и шест цивили.
Повредените се префлени во државната болница во Диџле.
Од експлозијата оштетен е патот, а предизвикана е материјална штета на околните куќи и објекти.