Vesna Besiç
12 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
БИТЛИС (АА) - Природните изворишта на топла вода во селото Будакли кај Битлис, на југоистокот на Турција, во летниот период угостуваат стотици луѓе кои таму се лекуваат, а бањите во зимскиот период жителите ги користат за бањање на коњи и стока, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за извори на вода од 40 степени Целзиусови, која моментално е погодна за бањање коњи и стока во текот на зимскиот период, кога надворешните температури достигнуваат и 15 степени под нулата.
Локалните жители се уверени дека лековитите својства на топлата бања се корисни за нивната стока во студените денови од годината. За да добијат поголеми количества и поквалитетно млеко, за нивните коњи да останат силни за претстојните пролетни работи на нивите, сточарите секојдневно ги бањаат кравите и коњите во бањите.
Храбрите деца, исто така ја користат можноста да се бањаат во топлата вода на езерото опкружено со снег, што дава несекојдневна глетка која привлекува бројни фоторепортери.