Yusuf Soykan Bal
25 Мај 2023•Ажурирај: 26 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 18 странски државјани се приведени во Анкара, главниот град на Туркије, поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, пренесува Анадолу.
Тимовите на Одделот за антитероризам започнаа операција за приведување на 20 странски државјани за кои беше откриено дека биле во контакт со членови на ДЕАШ во конфликтните зони.
Во Анкара утрово беа извршени симултани рации на повеќе адреси во кои беа приведени 18 странски државјани, додека потрагата по останатите осомничени сѐ уште трае.