Cankut Taşdan
10 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
АНКАРА (АА) – Турската полиција приведе 22 странски државјани поврзани со терористичката организација ДЕАШ за време на антитерористичката операција спроведена во главниот град Анкара, пренесува Анадолу.
Неименувани безбедносни извори соопштија дека полициските екипи извршиле антитерористичка операција за приведување на вкупно 27 осомничени поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Операцијата е спроведена поради сомнение дека осомничените биле во контакт со терористите на ДЕАШ во конфликтните зони и вршеле активности за терористичката организација во изминатите години.
Приведувањата се извршени во акција низ Анкара, а полицијата сѐ уште трага по останатите осомничени.
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, Туркије во повеќе наврати беше цел на терористички напади на ДЕАШ во кои животот го загубија повеќе од 300 луѓе. Како одговор, Туркије започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.