Tuba Şahin
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Turkish Aerospace Industries (TAI) (Туркиш аероспејс индустрис) потпишаa договор за проектирање и производство на заштитни пропелерски поклопки за „Airbus S. A. S.“ (Ербас С. А. С.), објави компанијата денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, компанијата ТАИ истакна дека договорот го покрива дизајнот, конструирањето и снабдувањето со мотогондолни заштитни пропелерски поклопки од „Pratt and Whitney“ (PW) за најпродаваните „Airbus A320 Neo“.
Компанијата не даде одредени детали во врска со финансискиот дел од договорот, но, соопшти дека ќе дизајнира и ќе произведува заштитни пропелерски поклопки за мотогондолата на Ербас A320Neo PW, како единствен извор во текот на целата програма.
„Заштитната пропелерска поклопка (покривка) го заштитува моторот на авионот од надворешни удари, го намалува отпорот на воздухот на моторот и ја зголемува ефикасноста на аеродинамиката на авионот“, се вели во соопштението.
„Turkish Aerospace Industries“ од 2014 година е единствениот снабдувач на панели за трупот на авионот на Ербас A320 од програмата за Секцијата 18.