Dilara Zengin
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Бројот на руски туристи кои ја посетија турската медитеранска област Анталија, достигна рекорд од 3.376.000 до крајот на месец септември, што претставува рекорд на сите времиња, соопшти гувернерот на областа, јавува Anadolu Agency (AA).
Мунир Каралоглу истакна дека 3.307.000 милиони руски туристи ја посетиле Анталија во 2014 година, додека оваа година сметано до 30 септември, Анталија ја посетиле вкупно 3.376.000 руски туристи. Каралоглу додаде дека и во наредните месеци се очекуваат руски туристи.
Според податоците на турскиот Интитут за статистика, во првите осум месеци од оваа година вкупно 6,8 милиони туристи ја посетиле Анталија.
Каралоглу нагласи дека руските туристи доаѓаат во Анталија да купуваат имоти.