Meryem Göktaş
31 Декември 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 31 припадник на терористичката организација ФЕТО се уапсени во главниот град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апсењата се спроведени како дел од истрагата спроведена од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара, кој издаде налози за апсење на околу 60 осомничени лица во турските воздухопловни сили, вклучувајќи четворица полковници и осум пилоти“, изјави изворот, кој зборуваше под услов на анонимност.
„Налозите за апсење се издадени под обвиненија дека лицата имале контакт со тајните имами на ФЕТО преку телефонски говорници“, додава изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.