Muhammed Nuri Erdoğan
15 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ при обид да се инфилтрираат во подрачјето на турската операција „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува: „Четворица терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот ‘Штитот на Еуфрат‘, со цел да ја нарушат атмосферата на мирот и безбедноста се неутрализирани со успешната операција на нашите херои командоси.“
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.