Fahri Aksüt
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа терористи на ЈПГ/ПКК во Ширнак, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сулејман Сојлу на социјалната мрежа Твитер напиша дека тројца терористи се неутрализирани во операција поддржана од воздух од локалната жандармериска команда во регионот Бестлер Дерелер.
Сојлу изјави дека во друга антитерористичка операција безбедносните сили неутрализирале двајца терористи во Дијарбакир, од кои еден бил од портокаловата категорија на листата на барани терористи на Министерството.
Листата на барани терористи се дели во пет категории по боја - црвената е најбарана категорија, следуваат сина, зелена, портокалова и сива.
„Другите пет терористи кои избегаа не треба да мислат дека имаат среќа. Нашите херои се по нив“, рече тој.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.