Ali Murat Alhas
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ЕРЗУРУМ, (АА) - Турските безбедносни сили со своите антитерористички операции во октомври ѝ нанесоа тежок удар на терористичката организација ПКК и нејзинот сириски огранок ЈПГ, спречувајќи ги намерите на терористите за нарушување на мирот, безбедноста и стабилноста и во Турција и во регионот.
Според податоците собрани од Агенција Анадолија (АА), во месец октомври неутрализирани се вкупно 132 терористи, а 87 од 233 уапсени осомничени лица им е одреден притвор.
Двајца припадници на турските безбедносни сили го изгубија животот во истиот период, додека двајца се ранети.
Операциите беа насочени и кон засолништата и пештерите што ги користат терористите, во кои беа запленети оружје, експлозив, муниција и друго.
Од 1 јануари 2020 година, 187 терористи го положија оружјето и им се предадоа на турските власти. Оние што ќе се предадат сами ќе добијат намалени казни во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.