Zehra Nur Düz
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
АНКАРА / ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Извршен е воздушен напад врз позиции на терористите во регионот Хакурк“, соопшти турското Министерство за одбрана.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, за да планираат терористички напади во Турција.
Одделно, безбедносни извори соопштија дека во операции во Турција денес приведени се 18 осомничени терористи на ПКК.
„Осмоничените се фатени во турските области Дијарбакир, Измир, Анталија и Мардин“, истакнаа изворите под услов на анонимност.
Меѓу приведените се и обласните челници на Народната демократска партија (ХДП), која се товари за поврзаност со терористичката организација ПКК.
Во операциите запленети се документи на терористичката организација и дигитален материјал користен за пропаганда од страна на ПКК.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени.