Sena Güler
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа најмалку четворица терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, се соопштува од Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани откако отвориле оган од регионот Тел Рифат врз турските војници во областа на операцијата „Штитот на Еуфрат““, се соопштува од Министерството на Твитер.
„Турските сили продолжуваат да реагираат на обидите за напади од терористичката организација ЈПГ/ПКК“, додава Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.