Турција: Во Едрене задржани 176 нерегуларни мигранти
Во операциите реализирани во подрачјето на Мерич и Узунќопру, како и во пограничните села, задржани се 176 нерегуларни мигранти со потекло од Алжир, Авганистан, Иран, Сирија, Пакистан, Еритреја, Бангладеш, Ирак, Сомалија и МарокоSalih Baran
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Во турската област Едрене задржани се 176 нерегуларни мигранти во обид на илегален начин да преминат во странство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турските гранични и полициски сили реализираа операција против групите кои сакале да ја преминат границата.
Во операциите реализирани во подрачјето на Мерич и Узунќопру, како и во селата покрај границата, фатени се 176 нерегуларни мигранти со потекло од Алжир, Авганистан, Иран, Сирија, Пакистан, Еритреја, Бангладеш, Ирак, Сомалија и Мароко.
Нерегуларните мигранти се пренесени во градската Дирекција за миграција.