İbrahim Erikan
29 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АДАНА (АА) - Во пожар во студентски дом во Адана, Турција, загинаа најмалку 12 лица, додека повредени се 22, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Адана, Махмут Демирташ, за АА изјави дека по пожарoт во женскиот студентски дом во Аладаг во Адана, пронајдени се 12 безживотни тела.
„Пронајдовме 12 безживотни тела, додека 22 повредени лица се пренесени во болница. На местото на настанот испратени се спасувачки екипи. Се надеваме дека во наредните часови бројот на жртвите нема да се зголеми", рече Демирташ.
Градоначалникот на општина Адана, Мустафа Акгедик, истакна дека не се познати причините за избивање на пожарот.
„Се надеваме дека нема да се зголеми бројот на загинати и повредени", изјави Акгедик.
Вице-премиерот на Турција Вејси Кајнак, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и министерот за образование Исмет Јилмаз, ќе отпатуваат за Адана со цел директно да се информираат за несреќата.
Потсeтуваме, вечерва во Аладаг, во Адана изби пожар во женски студентски дом.