Halil İbrahim Sincar
15 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
МАРДИН (АА) - Во напад на припадниците на терористичката организација ПКК во турската област Мардин, во јужниот дел на Турција, загинаа двајца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на патот Мардин-Дијарбакир активирале експлозивна направа во моментот кога по делницата минувал тим за откривање на експлозивни направи на патиштата.
По терористичкиот напад покрената е воздушна акција. По експлозијата, споменатата делница е затворена за сообраќај во двата правци.
Во тек е увид на екипите на жандармеријата.